Со 11 гласови “против” и 9 “за”, Европскиот Парламент попладнево го отфрли предлогот на Урсула Фон дер Лајен, унгарскиот конзервативец Ласло Трочањи да биде нов еврокомесар за проширување.
Трочањи кој важи за политичар близок до унгарскиот премиер Виктор Орбан не доби зелено светло од Комитетот за правни работи, а официјалната причина е судир на интереси. Трочани од 2014 година беше министер за правда во владата на Орбан, а тоа е периодот кога беа донесени повеќе закони, кои во Брисел се протолкуваа како намалување на владеење на правото во оваа европска држава.
Официјално од него биле побарани повеќе инфомации за работањето на правна компанија која била формирана пред тој да стане министер за правда. Во писмено соопштение, Трочањи обвини за политичка одлука.
Според процедурите сега Унгарија треба да предложи ново име за човек кој треба да го наследи досегашниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан чиј мандат истекува во ноември.
Според досегашната пракса и покрај новиот предлог кој треба да стигне до Унгарија, Фон Дер Лајен може да се одлучи и за сосема друг кандидат од друга држава.
Слична “судбина” како на Трочањи имаше и романката Рована Пломп која исто поради констатиран судир на интереси не ја доби довербата на комитетот.