Биткоинот не успеа да се опорави од тримесечниот минимум на кој се лизна во вторникот, за што е обвинет млакиот прием на биткоин фјучерси на берзата.
Биткоинот, најголемата криптовалута по пазарна капитализација, ослабе на утрешново тргување за два проценти на 8.364 долари, објави Reuters.
Криптовалутата вчера падна за дури 15 проценти, за во еден момент да го допре нивото од 8.000 долари. Тоа беше најголемиот дневен пад од 16 јули, но сепак успеа да неутрализира дел од загубите.
Берзата Intercontinental Exchange во понеделникот вклучи во тргувањето “bakkt” биткоин фјучерси, за кои многу љубители на криптовалутата веруваа дека ќе привлечат пари од поголеми инвеститори.
Меѓутоа, вчера се истргуваа 166 такви договори, што според оцените на аналитичарите и трговците е неимпресивен волумен. Некои аналитичари, исто така таквиот исход го толкуваа како континуиран сигнал за двоумење од страна на најголемите инвеститори кон криптовалутите.
Извор: denar.mk