Отворање на Јадранско-подунавски куп во ловење крап на акумулацијата Палурци – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/19 10:14 AM

Отворање на Јадранско-подунавски куп во ловење крап на акумулацијата Палурци

Единаесеттиот Јадранско-подунавски куп во ловење крап на дно на акумулацијата Палурци кај Богданци почнува вечерва. На купот учествуваат 11 екипи од Северна Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора со вкупно 29 натпреварувачи.

Организатор на купот е Македонската риболовна федерација, а домаќин е Здружението на спортски риболовци „Костреш” од Богданци.

-Се е подготвено за одржување на едно од најголемите спортско-риболовни натпреварувања во нашата држава. Натпреварите почнуваат утре, а завршуваат  в недела на пладне, рече Владо Мишев, претседател на ЗСР „Костреш”.

Најдобрите три екипи ќе добијат пехари и медали, а ќе биде доделена и награда за најголема уловена риба.

МИА