По исказот на Верушевски:Во РМ најлесно човек се купува – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/19 5:28 PM

По исказот на Верушевски:Во РМ најлесно човек се купува

„Покрај еден педер и еден суетен новинар сега и еден разузнавач се приклучи во уривање на владата. Кога ги оставаш со милијарди да ти шетаат по светот нормално е да ти ги купуваат луѓето. Во РМ најлесно човек се купува“, напиша на Твитер адвокатот Александар Тортевски, по исказот на Зоран Верушевски во судот дека прислушкуваните материјали кои биле прибирани од УБК биле „модификувани и компромитирани“.Од тогаш Верушевски го снема од јавната сцена, а не така одамна судот не можеше да го најде да сведочи. Што се случувало во меѓувреме во изминатите неколку месеци, останува мистерија за јавноста.
Кој е Зоран Верушевски?
Зоран Верушевски е сеприсутен во македонската јавност во последните 20 години, пишува Дојче Веле. Неговото, но и имињата на членови на неговото семејство, често се врзуваа со разни контроверзи уште од периодот додека беше шеф на кабинетот на МВР Томислав Чокревски, а подоцна и како старо-нов директор на ДБК во 2001 година. Кон крајот на 2005 година предизвика скандал откако во интервју за „Утрински весник“ се закани со хаос во државата доколку не престане „хајката против него и неговото семејство“.
Тогашниот мотив на Верушевски веројатно беше да го заштити својот син кој се гонеше за повеќе кривични дела, за на крајот да биде и осуден за изнуда. Во 2006 година, тогашниот шеф на државата Бранко Црвенковски го испрати Верушевски на дипломатска мисија како советник во македонската амбасада во Италија, а една година подоцна му ја скрати и затворската казна на неговиот син. Како што кажа и самиот Верушевски во сведочењето, тој се враќа од Италија во 2010 година. Две години подоцна, неговиот син Александар е повторно уапсен откако учествувал во вооружена престрелка во Струга. Името на Зоран Верушевски повторно станува актуелно со почетокот на објавувањето на бомбите во февруари 2015 година. Тој беше обвинет во предметот „Пуч“ со кој тогашната власт докажуваше дека прислушкувањето, всушност, го вршеле Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски во корист на странска држава. Откако излезе од притвор во декември 2015 година, и особено по промената на власта, Верушевски беше во првите редови на повеќе собири во земјата, но и во странство, како во јули 2018 година во Брисел кога НАТО формално ја покани земјата да стане полноправна членка. Во меѓувреме тој доби советничка функција во владата, а неодамна и висока позиција во владејачката СДСМ.