Пронајдено починато лице во близина на поранешниот хотел „Кристал“ во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/19 3:28 PM

Пронајдено починато лице во близина на поранешниот хотел „Кристал“ во Куманово

Во СВР Куманово денеска е пријaвено дека во монтажните тоалети, во близина на поранешен хотел „Кристал” има починато 29 годишно лице. По овластување на Основен суд Куманово увид извршила екипа на СВР Куманово.

– Според наодот од лекар мртвопроверител, причината за смртта била предозирање со опојни дроги, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против двајца жители на Черкезе и еден жител на село Лопате кои сториле осум кривични дела, од кои четири „тешки кражби“, три „тешки кражби во обид“, и едно кривично дело „кражба“. Полицијата ги поднела пријавите против 21 – годишниот К.А од Черкезе, против 23 – годишниот Ш.А од Лопате и една година постариот Б.А од Черкезе. Тие во период од само три месеци, од 21 март до 28 јуни годинава, со употреба на сила и преку незаклучени врати влегувале во куќи во селата Матејче, Оризаре, Ваксинце, Отља и Черкези, при што во четири случаи не одзеле ништо, а во четири случаи одзеле златен накит, мобилни телефони и апарати за домаќинство.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава и против 29 – годишниот Д.Ц поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил привреден во полициската станица на четврти јуни, годинава и при извршениот преглед кај него била пронајдена марихуана. (МИА)