Катругалос: Владата доцни со работата на комисиите за трговските ознаки и учебниците – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/19 11:53 AM

Катругалос: Владата доцни со работата на комисиите за трговските ознаки и учебниците

И покрај силењата и најавите од владата се забележува доцнење во работата на комисијата за трговските ознаки и комисијата за учебниците, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос, упатувајќи критики до актуелната грчка влада, jави дописничката на МИА од Атина.

– Премиерот, за жал и на неговото патување во Америка продолжува со познатата тактика на двојазичност и не го користи дипломатскиот капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за да ги промовира нашите национални интереси. И сето ова, и покрај владините силењата и најавите, се забележува доцнење и во однос на работењето на комисијата за трговските ознаки и во однос на онаа за учебниците, вели Катругалос.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија додава дека за овие теми доставил пратеничко прашање до министерот за надворешни работи на Грција и од него бара става за „поради неактивност и хипокризија да не се изгуби силата на договорот”.