На денешната редовна 155-та седница, Владата на Република Северна Македонија го разгледа и усвои Предлог – законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост со кој се проширува опфатот со нови 1000 стечајни работници на кои им се решава статусот со месечен паричен надоместок до моментот на нивно пензионирање.
Со претходните законски решенија и со овој предлог закон околу 12.000 стечајни работници добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивно пензионирање.