Како да престанете да бидете свои најжестоки критичари – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/19 3:31 PM

Како да престанете да бидете свои најжестоки критичари

Некогаш критиките упатени кон самите себе може да бидат полезни, но тие знаат и да се претворат во деструктивна навика. Во главата на секоја личност може да се создаде внатрешен глас кој еден ден може да и’ говори дека е најдобрата верзија од себе, а веќе следниот дека е најлошата личност на светот. Впрочем, луѓето го слушаат тој внатрешен глас во зависност од нивното рапсоложение во текот на денот.

Самокритикувањето може да биде корисно и да внесе доза реалност во секојдневнието, но понекогаш може да стане и лоша навика која влијае на продуктивноста на работното место и воопшто на односите со луѓето во опкружувањето.

Во продолжение, прочитајте ги знаците кои укажуваат на тоа дека сте жестоки критичари кон самите себе и  што може да сторите во однос на тоа прашање.

Набљудување

Обрнете внимание на дијалогот кој е случува во вашата глава – советува психологот Eјми Морин, која е авторка на книгата „Тринаесет нешта кои јаките жени никогаш не ги прават“.

Дали се нарекувате себе со погрдни имиња? Дали си зборувате сами на себе дека не правите доволно за да ги постигнете своите цели и дека никогаш нема да успеете, без оглед на се’ останато? Доколку ви се случува ова, размислете зошто и колку често се случува.  На овој начин ќе бидете принудени свесно да се соочите со тоа што си го правите себеси.

Проценка

Секогаш кога ќе се најдете во ситуација во која сабите себе се напаѓате со негативни и деструктивни мисли, обидете се да се запрашате од каде доаѓа сето тоа. Кој е изворот на оваквите токсични мисли кои лошо влијаат на вас генерално, особено на вашите способности? На овој начин ќе откриете дали тие се темелат на реални причини или пак не. Разговорот со себе  понекогаш и не е толку корисен, бидејќи на овој начин работите се преувеличуваат поради став и паника, а тоа може да биде блокада за психичкиот раст и развој. Кога ќе се најдете во такво расположение запрашајте се дали воопшто може да си помогнете со тој разговор кој го водите сами со себе, или пак тоа е само нешто кое ја исцрпува вашата енергија.

Обидете се да ја промените перспективата, на тој начин што ќе се запрашате дали работите за кои разговарате сами со себе, може да им ги кажете на вашите пријатели. Луѓето понекогаш знаат да бидат многу покритички настоени кон самите себе отколку кон останатите. Доколку знаете дека никому не би му дозволиле да ве малтретирала вербално, тогаш не правете си го тоа самите на себе.

Избегнувајте го осудувањето

Во некои фази од животот, потребна ни е здрава доза дисциплина, но во таквите моменти, не смеете ни да заборавите да си резервирате емпанија кон самите себе. Обидете се да го промените начинот на размислување. Наместо да мислите дека сте лоша личност доколку сте донеле некоја несоодветна одлука, бидете среќни бидејќи сте биле доволно свесни да го забележите тоа. Не заборавајте дека мотивацијата е најважна за успех во сите сфери.