Европската Унија првпат одобри употреба на производи од канабис во медицински цели, но само за пациенти кои што боледуваат од две ретки облици на детска епилепсија.
Лекарите на некои пациенти смеат да препишат Epidyolex, орална суспензија која што се добива од канабис и содржи канабидиол, главна состојка на медицинската марихуана, пишува ББС.
Канабидиолот содржи 40% екстракт од индустрискиот коноп и не е психоактивен.
Меѓутоа , терапијата во земјите од ЕУ дозволена е само во лекувањето на два облика на епилепсија, поточно во случајот Lenox Gastautovog sindroma и Dravetovog sindroma, кои што особено тешко се лекуваат затоа што пациентите понекогаш имаат и неколку епилептични напади во текот на денот.
Употребата на лекот е дозволена во велика Британија и останатите европски држави, но британскиот национален институт за здравство се уште не го препорачува бидејќи ,, нема докази за долгорочната ефикасност на лекот“
Лекот го развила компанијата GW Pharmaceuticals и може да се користи во комбинација со останатите антиепилептици како клобазам.