Меѓународна конференција „На крстосницата на културните идеи: Македонија, Балканот, Југоисточна Европа – наследство, менаџмент, ресурси” ќе се одржи од денеска до 26 септември во Охрид, во организација на Филозофскиот факултет – Скопје и Националната галерија.
На конференцијата, како што информираат организаторите, ќе учествуваат четириесеттина реномирани истражувачи на културното наследство од земјата и странство, меѓу кои истражувачи од Србија, Словенија, Бугарија, Романија, Германија, Франција, Шпанија и Израел.
Конференцијата, како што е најавено, свечено ќе ја отвори деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев.
МИА