Комеморативна седница по повод смртта на проф. д-р Томе Груевски – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/19 7:04 AM

Комеморативна седница по повод смртта на проф. д-р Томе Груевски

Комеморативната седница по повод смртта проф. д-р Томе Груевски, насловен вонреден професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, ќе се одржи денеска во 11 часот во Свечената сала на Факултетот.

Проф. д-р Томе Груевски беше наставник и научник во областа на комуникологијата, новинарството и односите со јавноста, прв доктор по комуникологија во нашата држава и основоположник на студиите по односи со јавноста.  По кусо и тешко боледување почина на 16.09.2019 година, со што академската заедница загуби почитуван и драг колега, посочуваат од Правниот факултет.

МИА