Во периодот од 23.00 часот на 21 септември до 05.00 часот на 22 септември СВР Штип спроведе засилена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Од извршената контрола било констатирано дека кај 10 возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите биле исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и на сите издадени им се мандатни платни налози. Санкционирани се и 15 останати прекршоци.