Париската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се обидуваат повторно да го оживеат движењето „жолти елеци” со протест против економските мерки и против претседателот Емануел Макрон.
Полицијата соопшти дека до пладне се уапсени 90 лица, и стотина биле спречени да се соберат на авенијата Шанзелизе.
За растерување на мали групи демонстранти се ангажирани околу 7.500 полицајци кои употребиле солзавец во централните делови на градот каде не е одобрено одржување на протестот.
Затворени се повеќе од 30 метро станици.
Повеќето демонстранти не носеле флуоресцентни елеци по кои движењето го доби името.