Фејсбук укина илјадници апликации – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/19 1:57 PM

Фејсбук укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала внатрешната истрага водена на милиони апликации.

Во повеќето случаи, сепак, укинувањето не следувало после сериозни истраги, туку затоа што програмерите на апликациите не успеале да одговорат на барањата за бараните информации.

Од март 2018 година, Фејсбук почна да се занимава со апликации кои имаат пристап до податоци на корисниците, откако беше откриено дека компанијата Кембриџ Аналитика на тој начин користела приватни податоци на милиони корисници во обид да влијае врз изборите во САД.

По избувнувањето на скандалот, Фејсбук беше изложен на посебно внимание на американската и европските влади, а извршниот директор Марк Закерберг сведочеше пред Конгресот.

Фејсбук објави дека истрагата е во тек и оти досега се прегледани милиони апликации.