Тетовските пожарникари добија две нови возила – специјални камиони за гаснење пожари кои се донација од Данска. Камионите се обезбедени со залагање на Меџаит Љатифи доктор од тетовското село Доброште, кој долги години живее и работи во Данска.
Ука Алити, командир на тетовската противпожарна единица рече дека првото возило е главен камион за гаснење пожари со сета пропратна опрема, а цистерната претставува логистика за навалното возило.
– Како резултат на една соработка, противпожарната бригада доби два камиони со што се зголемува капацитетот на единицата за справување со пожари. Благодариме на Општина Теарце за ангажманот и првичната нивна иницијатива и посебно докторот Меџаит Љатифи кој успеа да ги донесе камионите до тука, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Меџаит Љатифи истакна дека за оваа иницијатива бил многу мотивиран знаејќи дека народот има проблеми со многу пожари.
Камионите биле наменети за Општина Теарце, но бидејќи се уште нема такви единици во рурални општини надлежност на возилата е префрлена на Општина Тетово.
Исен Асани, градоначалник на Општина Теарце рече дека се надева оти законските измени ќе придонесат да се создаваат одделенија на пожарната во руралните места.
Станува збор за едно главно навално возило камион за гаснење пожари како и еден камион цистерна.