Од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесена е кривична пријава против 41 – годишниот А.Д оинаку поранешен директор на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
А.Д во периодот од јануари до декември 2016 година, спротивно на Законот за јавни набавки, извршил набавка на разни стоки и услуги во вредност од 1.381.694 денари, без претходно спроведена тендерска постапка. Притоа, тој во осум наврати, извршил делење на стоки и услуги во наведените набавки.