На Светскиот куп одржан во Букурешт, македонската џиу џица репрезентација, претставувана од Катерина Ацевска од Кисела Вода, во категорија жени У16, +63кг освоила златен медал – соопшти општина Кисела Вода.
Ацевска златото го освоила со победа над натпреварувачката на Грција со голема резултатска разлика од 16-5.
Катерина Ацевска досега има освоено многу златни медали на домашни и меѓународни турнири. Таа активно тренира во клубот за џиу – џицу „Дан – Кју”, во фискултурната сала на ООУ „Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода.