Титовата пештера во Дрвар наскоро пак ќе може да се посетува – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/19 10:05 AM

Титовата пештера во Дрвар наскоро пак ќе може да се посетува

Во Дрвар, Босна и Херцеговина, почна санацијата на Титовата пештера, која беше аатворена за посетители од април годинава, кога при невреме одрон од карпа се урна врз познатата дрвена барака.

Сузана Јовиќ, директорка на Центарот за култура и спорт во Дрвар, под чија управа е меморијалниот комплекс „25 Мај 1944“, во кој се наоѓа и Титовата пештера, рече дека работите на санацијата почнале пред два дена, а во рок од две седмици треба да бидат завршени.

До пред последната војна во БиХ во 1990-тите, Титовата пештера и комплексот „25 мај 1944“, годишно ги посетувале и до 200.000 туристи, а во последните години по десетина илјади.