Изградбата на „Балканскиот тек“, разгранок на гасоводот „Турски тек“, Бугарија планира на својата територија кон Србија да ја заврши до крајот на годинава, изјави вчера рускиот министер за трговија Денис Мантуров.
„Бугарија има задача да ја гарантира изградбата на делот од турско-бугарската граница до линијата на раздвојување помеѓу Бугарија и Србија до 1 јануари 2020 година. Сметаме на временските рокови што ги определи бугарската страна за да се осигура завршувањето на гасоводот до 1 јануари и испораката на нафта да тргне низ „Турски тек“, нагласи Мантуров.
Бугарија во август го заврши првиот од делот на гасоводот долг 403 километри. Заедничката фирма на „Гаспром“ и „Србијагас“ – новосадски „Гастранс“, е одговорна за изградбата на гасоводот од границата со Бугарија до српската граница со Унгарија.
Проектот „Турски тек“ опфаќа изградба на гасовод под Црното Море кон европскиот дел на Турција и понатаму кон Грција.