Отворен ден за иницијативи од невладините организации за намалување на загадувањето на воздухот ќе организира денеска Владата од 13:30 часот.
Целта на настанот е владини претставници да ги слушнат идеите на граѓанскиот сектор во насока на консултација за Програмата против аерозагадување 2020.
Најавени се обраќања на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и претставничката на „Еко свест”, Ана Чоловиќ.
МИА