“Попладневната дремка го зголемува ризикот од дијабетес” – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 3:28 PM

“Попладневната дремка го зголемува ризикот од дијабетес”

Студијата на Европската асоцијација за проучување на дијабетес (EASD) во Минхен, укажува на поврзаност помеѓу попладневните дремки и појавата на дијабетес.

Имено, експертите сугерираат на тоа дека попладневната дремка треба да трае најдолго еден час.

Експертите ги разгледале податоците од 21 студија, во кои биле вклучени 300.000 луѓе и откриле поврзаност помеѓу попладневните дремки и појава на два вида на дијабетес.

„Долгите дремки можат да го зголемат ризикот од дијабетес и метаболички синдром“, заклучуваат авторите и додаваат дека понатамошните студии треба да го докажат ефектот на кратки дремки.

„Истражувањето укажало и на тоа дека долгото дневно спиење може да биде рано предупредување за појава на дијабетес. Она што треба да го утврдиме е тоа како времето и должината на спиење преку ден влијае на создавањето на здравствени проблеми“.

Претходните анализи покажаа дека скоро 3,8 милиони возрасни во Англија страдаат од дијабетес, а се очекува раст и до 4,9 милиони до 2035 година.

Извор: denar.mk