Туск: Вашата земја направи се, сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 12:55 PM

Туск: Вашата земја направи се, сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето

Северна Македонија си ја заврши работата и сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на зедничката прес-конференција во Владата со премиеропт Зоран Заев.

– Во јуни јасно кажав дека земјата направи се што се очекуваше од вас за да може да се почнат преговорите за пристап во ЕУ и согласно со препораките на ЕК. Напорите на земјата беа извонредни во последните години. Заедно ја издржавме една од најтешките миграциски кризи. Северна Македонија го помина овој тест подобро од многу членки на ЕУ. Најдовте решение на драматичните политички кризи во вашата земја. Преку вашите договори со Бугарија и Грција вие станавте шампиони на политичката зрелост во регионот. Тоа е импресивно и меѓународно признато постигнување, што не треба да биде занемарено од лидерите на ЕУ, рече Туск.

Посочи дека лидерите на ЕУ на средбата во јуни се обврзале да донесат јасна и одржлива одлука во октомври за отворање на преговорите.

– Вашата земја во последните две години направи се што се очекуваше од вас за да може да се почнат преговорите за пристап во ЕУ и согласно со препораките на ЕК. Тоа продолжува да биде мој цврст став. Вашата земја направи се. Сакам да биде кристално јасно дека не постои сомнеж во Брисел во однос на вашата политичка обврска кон владеење на правото и борбата против корупцијата, истакна Туск.

Порача да продлжат реформите, дека ќе биде потребно многу трпение, но оти немам сомнеж дека земјата има квалитетти да го направи тоа.

Премиерот Зоран Заев изрази благодарност за поддршката во текот на целиот мандат на Туск.

– Наша заедничка желба е во периодот до следната седница на Европскиот совет ова заендичко пријателство да го крунисаме со заеднички успех во октомври. Заеднички, затоа што е заеднички интерес и на Северна Македонија и на ЕУ. Ова е период од најголема важност за постигнување на стратешките цели на нашата земја со долгорочно и суштинско значење за нашите граѓани, изјави Заев.

По 10 препораки од ЕУ и постигнатите рзулати, Заев е убеден дека земјата е подготвена да ги совлада предизвизите кои доаѓаат со отворањето на преговорите. Тој очекува на состанокот на Советот на ЕУ на 15 октомври со кој ќе претседава Туск, да биде донесена одлука за почеток на преговорите без одложување.

– Со започнувањето на прегворите влегуваме во трасформациско патување кон членство во ЕУ. Тоа е незаменлива алатка која генерира успешни приказни во земјите кандидати. Домашните обврски продолжуваат особено во владеење на правото, кажа Заев на заедничката прес-конференција со Доналд Туск.