Свињата на Марко Матошевиќ од Нова Била кај Травник пред три дена опрасила неверојатни 20 прасиња и сите останале живи, пренесува „Мондо“.
Ова е необично големо семејство, а Марко се грижи сите да останат живи и здрави. Тој со синот дежура при секое доење и ги пушта прасињата да цицаат на смена, бидајќи маторицата има „само“ 14 дојки.
Ги храни на два часа и вели дека ужива во својата работа. Иако долго се занимава со свињарство, истакнува дека не очекувал дека некогаш една свиња на свет ќе донесе толку многу прасиња.