Нови 30 дена притвор за Јовановски и Милевски за „Рекет” – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/19 1:35 PM

Нови 30 дена притвор за Јовановски и Милевски за „Рекет”

Бојан Јовановски и Зоран Милески осомничени во случајот „Рекет”, ќе останат во притвор уште 30 дена, соопшти Кривичниот суд во Скопје.

– Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, денеска ( 13.09.2019 ) постапувајќи по предлог на надлежниот Јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М.  донесе решенија со кои предлогот
на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена поради постоење на  причините од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, информираат од Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание”, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело”.

На Јовановски и Милевски првпат им беше одреден притвор на 15 јули годинава.

Како третоосомничена за „Рекет”, во притвор е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.