Отворена изложба „Борби и страдење – полските граѓани за време на Втората светска војна” – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/19 6:26 AM

Отворена изложба „Борби и страдење – полските граѓани за време на Втората светска војна”

Војната завршува штом ќе стивнат оружјата, но нејзините последици се чувствуваат со генерации. Полско-германското помирување преку соочувањето со вистината за минатото, но и со визијата за заедичката иднина во обединета Европа е пример за сите народи во Европа и во светот, истакна синоќа претседателот Стево Пендаровски на отворањето на изложбата насловена „Борба и страдање – полските граѓани за време на Втората светска војна” организирана од Амбасадата на Република Полска во Скопје.

Амбасадорот на Полска во нашата земја Војциех Тицињски, потсетувајќи на историјата на полската борба против тоталитарниот режим, како и за копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, рече дека ќе се сеќаваме на Втората светска војна од благодарност кон сите кои се бореле и ги дадаоа своите животи за слободен свет и за одбрана на светот од нацистичкиот тоталитаризам.

– Се сеќаваме и затоа што човештвото се уште недоволно научи од таа ужасна лекција која ја има доживеано, бидејќи етничкото чистење се случува на овој свет, се случува и геноцид. Не толку одамна го доживеавме тоа во земјите од поранешна Југославија и во Руанда. Затоа се сеќаваме, за вакви настани, страдања и ѕверство веќе никогаш да не се повторат во светот, рече Тицињски.

Изложбата е подготвена од Министерство за надворешни работи на Полска и Музејот на Втората светска војна од Гдањск. Со неа се одбележуваат 80 години од избувнувањето на војната која почнала на 1 септември 1939 година со нападот на нацистичка Германија врз Полска.

МИА