Нападнати лекари и сестри во скопска болница од поголема група луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 10:11 AM

Нападнати лекари и сестри во скопска болница од поголема група луѓе

Лекари и медицински сестри од хируршката болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје биле напдната ноќеска од поголема група на лица. Кога била повикана полицијата да интервенира, инцидентот станал поголем откако групата се нафрлила и врз полицајците.

Во болницата бил донесен пациент со исекотина на раката, а групата сакала да го заштити и почнала да ги напаѓа вработените. Бил нападнат и персоналот и обезбедувањето, а кога била викната полиција, тие ги нападнале и нив.

Полицијата соопшти детали за инцидентот:

На 12.09.2019 во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(31) од Скопје поради тоа што во 02:45 часот во болницата физички нападнал вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија и интервенирале по пријава за физичкиот напад врз вработениот.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така, ќе биде поднесена пријава по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за уште две лица кои биле со С.М, соопшти МВР.

По инцидентот болницата превентивно ги затвори  вратите за прием на пациенти.Ова е трет напад во две недели врз лекари и медицински сестри.