Несекојдевна ситуација се случи во менувачница во Кладово, Србија, кога вработената на романски државјанин, наместо 200, му исплатила 2.000 евра. Сепак, се’ се завршило добро за неа поради брзите реакции на полицијата и на граничната полиција.
До збрката дошло кога Романецот сакал да замени 300 канадски долари во евра. Вработената Ивана Ј., по грешка, наместо 200, му дала 2.000 евра. Романецот ги зел сите пари и заминал, пишуваат српски медиуми.
Ивана, откако го утврдила кусокот во касата, претпоставила што се случило, па повикала полоција, која веднаш интервенирала кај граничната полиција.
Романецот бил сопрен на граничниот премин „Ѓердап“. Иако тоа не морал да го направи, бидејќи грешката ја направила вработената, Романецот прифатил да ги врати парите.