Четири монаси и три искушеници од манастирот Прохор Пчински на Врањската епархија на СПЦ го напуштија манастирот, а, како што неофицијално се дознава, заминале бидејќи владиката Пахомие се обидел сексуално да ги малтретира, пишуваат српски меиуми
„Тој (Пахомие) има склоност кон ист пол. Тие луѓе не се од тој вид и заминаа. И игуменијата Стефанида и сестринството лани во март избегаа од него“, вели извор од СПЦ и додава дека било ужасно тоа што го правел Пахомие.
Ова не е првпат вакви обвинувања да одат на сметка на првиот човек на Врањската епархија. Пахомие во 2003 година зврши на суд поради обвинувања за педофилија. Пред граѓански суд беше ослободен во 2006 година, кога неговиот предмет за сексуална злоупотреба на четири деца беше префрлен од врањскиот во нишкиот суд. Општинскиот суд во Ниш тогаш го ослободи Пахомие, кој секогаш негираше вина, за два од четирите предмети поради недостаток од докази, додека другите два предмета биле застарени.
Во 2013 година од Пахомие за нешто слично се жалел и магационер на епархијата.