Венецуела вчера почна воена вежба на границата со Колумбија. Се стационираат 150.000 војници на границата со Колумбија заради воена вежба што ја наредил претседателот Николас Мадуро, кој соседната земја ја обвинува дека изведува маневри за да предизвика судир.
Венцуелските тенкови и други оклопни возила вооружени со ракети, како и многу војници почнале да пристигнуваат во воздушното пристаниште Ла Фриа, известува АФП.
На тоа подрачје што граничи со Колумбија, минатата недела Мадуро прогласи „портокалова тревога“, откако го обвини колумбискиот претседател дека со маневри поттикнува вооружен судир со Венецуаела. Колумбискиот претседател веднаш потоа рече дека нема да наседнува на провокации и ги отфрли обвинувањата.