Напаѓачот најверојатно ќе одговара кривично затоа што се работи за напад на службено лице на неговото работно место.
Од полицијата информираат дека 40 годишникот е повикен во СВР Тетово е се работи на целосно расветлување на случајот.
Самедин Абедини раководител на Секторот за водовод и канализација при ЈКП Тетово беше навредуван и физички нападнат на неговото работно, оти одби да ги приклучи овие градби на водоводниот систем.
Тој побарал од напаѓачот најпрвин да се обрати до секторот за комунални дејности при Општина Тетово кои според Абедини се надлежни за добивање на дозвола за приклучок и изградба на потребната водоводна инфрастурктура.
Абедини по нападот истакна дека голем број објекти од овој дел на Тетово како и лицето кое го нападнало ги немаат потребни документи за добивање на комунални услуги, односно се дивоградби
Од ЈКП Тетово, велат дека дозволите на приклучок во водоводната мреќа ги издава секторот за комунали дејности но за таа локација за каде лицето од Абедини бараше приклучок нема изградено потребна водоводна инфраструктура за што е надлежна општината.
Во Тетово има голем број на диви приклучоци во водоводниот систем што е една од главна причини за големите губитоци на водата за пиење.
Зоран Димовски