Николоски и Ѓорчев разговарале за Рекет со претставниците на Европската Народна Партија – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/19 6:12 PM

Николоски и Ѓорчев разговарале за Рекет со претставниците на Европската Народна Партија

Случајот Рекет е една од темите за кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и пратеникот Владимир Ѓорчев разговарале со претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол.  Нивната средба се одржа во Брисел на маргините на Парламентарното собрание на оваа партија. Таму, Николоски го потенцирал партискиот став дека е неопходно во земјава да се одржат предвремени парламентарни избори.

Од опозициската партија соопштија дека освен со Дол, Николоски и Ѓорчев имале средби и со неколку претставници на Европската комисија, а веќе утре следуваат средби со претставници на Европскиот парламент.

Од опозицијата порачуваат дека Владата на Заев мора да си замине, за да се реализира европската иднина на Македонија.