Јоханес Хан ќе биде комесар и во новиот состав на Европската Комисија – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/19 5:18 PM

Јоханес Хан ќе биде комесар и во новиот состав на Европската Комисија

Името на досегашниот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан е дел од подолгиот список на комесари, за кој се тврди дека ќе биде објавен утре напладне од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ресорите не се познати, но неофицијалните најави се дека Хан би можел да се занимава со буџетската политика, додека на негово место најспоменувано име е Словенцот Јанез Ленаршиќ, актуелен амбасадор на Словенија во ЕУ.

Фон дер Лејен, која ќе го замени Жан-Клод Јункер, речиси оствари совршена родова еднаквост со 14 мажи и 13 жени за нејзиниот комитет што предлага закони за блокот на 28 земји и гарантира дека тие ќе бидат ставени во пракса. Велика Британија, која треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври, не назначи комесар.

Според најавите, финансирањето ќе биде трипати поголемо од сегашното.

Од членовите на сегашната Комисија, предложени се Франс Тимерманс, Магрет Вестагер, Јоханес Кан, Вера Јурова, Фил Хоган, Валдис Домбровскис, Марош Шефчович.

Меѓу новите лица се и актуелниот шеф на прес-службата, Маргаритис Шинас, како претставник на Грција, Силви Гулар од Франција, Дидиер Ридерс од Белгија, Паоло Џентилони од Италија. Како што е веќе познато, високиот претставник за надворешна политика и безбедност ќе биде Шпанецот Јосеп Борел, а претседател на Европскиот совет – Белгиецот Шарл Мишел.

Новиот избран претседател на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, се очекува утре напладне да ја објави распределбата на изборите.