Пороен дожд, проследен со град, ја зафати Суботица попладнето по 14 часот. Огромна количина дожд падна за кратко време, па многу улици беа поплавени, пренесува РТС.
Најкритично е под железничкиот подвозник, кој е потопен заради огромниот прилив на вода, а сообраќајот е стопиран.
Пожарникарите и комуналните служби се ангажирани да извлечат возило со шведски регистарски таблички што е заглавено во водата под подвозникот.
Според првичните информации, ветрот откорнал неколку дрвја во Палиќ.
Издадено е предупредување за опасност од невреме во северниот дел на Србија.
#Subotica sada, veliko nevreme u Subotici praceno gradom i obilnim pljuskovima. Kako je kod vas? pic.twitter.com/zCDndJt6sI
— Mironosice Subotica (@MironosiceSu) September 9, 2019