Попладнето по 13 часот се запалија покривите на четири згради во Старата битолска чаршија, кои се лоцирани во дел каде зградите се залепени една до друга. Според последните информации, пожарот по три часа гаснење е ликвидиран. На терен се пожарникари кои го контролираат теренот. Огнот избил од една напуштена зграда, по што се опожарени уште три оклопни покриви. Напуштената зграда е целосно е изгорена. Пожарникарите изјавуваат дека имале тешкотии да влезат до запалената зграда, поради лошиот приод. Во старите згради нема ни функционални хидранти. Се работи за простор каде се сместени 15-тина дуќани, кои можеле да бидат зафатени.