Ако пиете газирани пијалоци, ризикот за смрт е поголем: Научниците изнесоа шокантно предупредување – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/19 1:30 PM

Ако пиете газирани пијалоци, ризикот за смрт е поголем: Научниците изнесоа шокантно предупредување

На сите веќе им е познато дека газираните пијалоци не се здрави, но дали сте знаеле што може да направи само една лименка од популарниот газиран напиток на вашето тело?

Пиењето на само еден од засладените напитоци дневно го зголемува ризикот за смрт, со појава на срцеви заболување па дури и рак, покажува истражувањето спроведено на Харвард. Ова истражување открило дека само една до две лименки газиран пијалок, сок или енергетски напиток на ден ја зголемува шансата за умирање од срце и до 31 отсто.

Исто така, иста количина го зголемува ризикот од прерана смрт независно од причината вклучувајќи и рак за повеќе од петина. Замена на засладениот напиток односно диеталниот го намалува ризикот, заклучиле научниците. Сепак ризикот повторно се зголемува ако пиете повеќе од четири лименки диетален напиток дневно.

„Нашите резултати докажуваат дека газираните и засладените напитоци треба да се заменат со другите пијалоци, по можност вода, со цел да го подобрите здравјето и да си го продолжите животот“, изјавил водачот на истражувањето Васанти Малик за „Дејли Меил“.

Со цел да се утврди колку газирани пијалоци влијаат на ризикот од смрт, истражувачите анализирале 80.647 жени и 37.716 мажи. Сите ученици во истражувањето биле испитани за нивното здравје и животните навики во изминатите две години. Резултатите покажале како оние кои пијат две или повеќе лименки дневно односно 31 отсто имаат повеќе шанси да заболат од срцеви болести во споредба со оние кои газирано пијат помалку од еднаш мсечно.

Важно е да се истакне и тоа дека секоја додатна лименка на ден го зголемува ризикот за 10 отсто. Поради срцевите заболувања, газираните напитоци го зголемуваат ризикот од прерана смрт од било која друга причина за 21 отсто. Иако е мал, постои и поврзаност помеѓу пиење засладени напитоци и канцерогените обоени напитоци.

Дури и пред ова истражување постојано е силен доказот за тоа дека засладените и газирани пијалоци го зголемуваат ризикот од дијабетес од типот два, што само по себе е фактор ризик од прерана смрт.