Голем број луѓе се повредени во големата турканица на фестивалот „Лил ВизиАна фест“ (Lil WeezyAna Fest) во Њу Орлеанс, во организација на раперот Лил Вејн.
Настанот се случи во саботата навечер, а толпа од околу 15 000 луѓе двапати се туркала и почнала да бега за време на настапот на Микс Мил.
Полицијата сè уште не знае што точно го предизвикало стампедото, но се шпекулира дека гласини за наводно пукање предизвикале паника кај луѓето.
Не е познато точно колку лица се повредени, а локалните медиуми објавија дека повредените заработиле гребнатини и модринки и дека им била укажана лекарска помош на местото на настанот.
Полициските службеници на должност на фестивалот изјавиле дека не чуле никакви истрели.