Група македонски иселеници при вчерашните протести против промената на името и Преспанскиот договор пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија, запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Тие носеа знамиња со сонцето од Вергина и извикуваа навредливи зборови за актуелната власт за името: „Никогаш Северна, само Македонија”.
Знаме со сонцето од Кутлеш беше истакнато и на јарболот пред македонскиот конзулат.