Судбината на сопственикот на луксузната јахта, што албанските рибари ја пронајдоа напуштена на 12 милји од брегот на пристанишниот град Шенѓин и по три дена останува мистерија.
Од пронајдената патна испрва во јахтата утврдено е дека луксузниот пловен објект”Атик Беј” му припаѓа на турскиот бизнисмен Севгин Јавуз(31).
Во расветлувањето на случајот вклучени се Обвинителството за тешки кривични дела од Тирана, Интерпол Тирана, албанската тајна служба ШИШ во соработка со турските и црногорските влсти.
Од размената на информации со колегите од Црна Гора потврдено е дека јахтата вредна два милиони евра и долга 13 метри на почеток на овој месец била закотвена во Будва, по крстарењето по хрватските територијални води и оти пред три дена испловила од Тиват.
Наспроти претходните информции дека на бродот имало и други лица, во последната информција се наведува дека Јавуз бил сам.
Од досегашаната истрага на бродот е пронајдена риболовна опрема бидејќи Јавуз бил страстен рекреативен риболовец. Траги од евентуално насилство нема.
Истрагата се води во две насоки:дека е можно додека рибарел од бродот да изгубил свест и да паднал во морските води и втората насока дека е жртва на шверцери на дрога.
Во Албанија веќе е пристигнато неговото семејство.