Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев третпат се закити со титулата светски шампион во далечинско пливање, откако собра најмногу бодови по шесте маратони во Ултра-светската серија под капата на ФИНА.
Третата светската титула, нашиот претставник, ја обезбеди со освојувањето на третото место на завршниот маратон од Капри до Наполи во Италија. Пред македонскиот маратонец финишираа италијанските пливачи Андреа Бјанки и Франческо Гетини.
Конкурентот на Поп Ацев за светската титула Едуардо Стокино од Италија, кој заостануваше само два бода зад нашиот пливач, заврши на петтата позиција.
Претходно, Поп Ацев, на највисокото место на подиумот во светската пливачка елита се искачуваше во 2015 и 2017 година.
Поп Ацев, сезоната во маратонското пливање ја отвори со пласман на четвртата позиција во Санте Фе (Аргентина) а во Росарио (Аргентина) заврши на шесттото место. Во Ст. Жан во Канада се пласираше помеѓу најдобрите пет а на маратоните во Охрид и Нови завршуваше на втората позиција.