Поради уличен дефект ф-80мм на раскрсница на ул.„Ратко Митровиќ” и „Скендербег” денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Драчево и Долно Лисиче.
Прекинот во водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде од 10:00 часот до завршување на работата.