Во водите на Охридското Езеро кај Градското пристаниште се одржаа официјалните натпревари во рамките на вториот по ред Меѓународен ватерполо турнир, што се одржува повод Денот на независноста.
Турнирот го организираше спортскиот клуб „Охридски бранови 2008″ и на истиот учествуваа четири екипи составени од ветерани, ватерполисти на клубовите „Вардар” од Скопје, „Магла” од Сплит, „Јадран” од Херцег Нови и холандски „Утрехт”.
Севкупен победник на турнирот е „Магла” од Сплит со остварени три победи. Второпласиран е „Јадран”, „”Вардар” е трет додека почесното четврто место е за ветераните од Холандија.
За утре се предвидени ревијални натпревари на кои е најавено учество на повеќе ватерполо екипи од Македонија.
Ватерполото и останатите водени спортови некогаш беа заштитен знак на Охрид, а на натпреварите во пливање и ватерпол се собираше неколкуилјадна публика.