Во пожар, што избувна околу 9 часот, изгоре стара куќа, а зафатен е покрив од уште една на улицата „Јајце” во Струмица.Во гаснењето на пожарот учествувале четири противпожарни возила и 12 пожарникари на ТППЕ Струмица и не е дозволено пожарот да ги зафати и останатите куќи во овој дел на градот, што е густo населен.
Пожарникарите со денови го гаснеа шумскиот пожар, што зафати 230 хектари разновидна шума. Дури по интервенција на армискиот хеликоптер, вчера беше локализиран пожарот, кој се прошири кон акумулацијата „Турија“. Теренот се контролира, но се стравува дека огнот може повторно да навлезе во Радовишко.
Во исто време, затрупан и покриен е повеќе од половина од отпадот на струмичката депонијат.Со тешка механизација и камиони депонијата „Шапкар” кај селото Добрашинци,на која се одложува отападот од општините Струмица и Василево, се заштитува од пожари со тампонирање и затрупување на отпадот со песок, информираат од ЈПКД „Комуналец” од Струмица.
-Затрупан и покриен е повеќе од половина од отпадот на депонијата. Тешка механизација веќе неколку дена работи на локацијата, со цел конзервација на просторот кој неколку месеци наназад беше опожаруван. На депонијата интензивно се носи земја и песок со која се покрива локацијата, како мерка со која ќе се оневозможи повторно активирање на пожарот, додаваат во информацијата од струмичкото комунално претпријатие.
Завчера избувна голема пожар на оваа депонија, но со брза интервенција тој беше локализиран и подоцна изгаснат.