Република Северна Македонија и Република Косово ќе потпишат денеска меморандум за соработка во областа на регистрацијата на бизнисите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Меморандумот во Министерството за трговија и индустрија на Косово ќе го потпишат директорката на Агенцијата за регистрација на бизнисите на Косово, Неџмие Селими и директорката на Центарот за регистрација на бизнисите на Северна Македонија, Марија Бошковска.
На церемонијата, како што е најавено, ќе присуствува и косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шаља, кој ќе им се обрати на присутните со поздравен говор.
МИА