Германскиот шампион Баерн Минхен минатата сезона оствари рекордни приходи од 740,4 милиони евра, објави страницата на германскиот прволигаш.
Тоа е 94 милиони повеќе од минатата сезона, а и профитот исто така се зголеми од 29,5 милиони евра на 52,5 милиони.
– Секако дека сме многу задоволни од финансискиот развој на клубот, изјави претседателот на извршниот одбор на клубот Карл-Хајнц Румениге.
– Имаме добро дефинирана насока и во поглед на работењето и спортот, додаде Румениге.
Извор: denar.mk