Уште еден пензионер измамен со ,,финтата“ за поевтини дрва – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/19 4:17 PM

Уште еден пензионер измамен со ,,финтата“ за поевтини дрва

Вчера  во Полициската станица Кочани, шеесет и шестгодишниот Д.П. од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот на ул.„Димитрија Лазаров“ во Кочани бил измамен од едно лице.

Според пријавеното, лицето му ветило дека за сума од 15.000 денари ќе му донесе шест метри  кубни огревни дрва, ако веднаш му плати 7.500 денари, а другите откако ќе земел пензија. Д.М. му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило.

Се работи на расчистување на случајот.