Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против дваесет и едногодишниот А.Ш. од Штип и дваесет и петгодишниот А.Д. од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 17.06.2019 на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучка за с.Тополница, при преглед на паркирано патничко возило „форд транзит“ пронашле 20 лица – мигранти од Бангладеш, додека во паркирано товарно возило „фолксваген транспортер“ пронашле 21 лице – мигрант (16 од Бангладеш и пет од Пакистан). По преземени мерки било утврдено дека возилата ги управувале пријавените.