УЈП влезе во „рекетираните“ фирми на Мицевски и Амзоски – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/19 3:45 PM

УЈП влезе во „рекетираните“ фирми на Мицевски и Амзоски

Управата за јавни приходи (УЈП) влегла во фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга поради случајот Рекет, дознава „360 Степени“. Се испитуваат деловните односи за потпишан договор за соработка меѓу струшката компанија и невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Боки 13.

Додека УЈП врши проверки во „Дрим Билдинг“, во ОЈО за гонење на организиран криминал исказ даваа Ресул Лога, кој е ко-сопственик на фирмата, како и Ардијан Амзоски, син на вториот ко-сопственик на „Дрим билдинг“.

УЈП го чешлала и договорот на „Меѓународен сојуз“ со фирмата „Пелистер“ на битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски кој вчера исто така даде исказ за рекетирањето.

Неофицијално, се проверува и охридска фирма „Омнија“ за потпишан договор со „БМЈ Медиа Груп“.

Контролите во фирмите се засилуваат откако претходно Управата за јавни приходи влезе во „Меѓународен сојуз“ на Боки 13. Паралелно со активностите на УЈП, од Обвинителство велат дека бизнисмените се повикуваат на распит како лица кои можат да дадат корисни информации за истрагата. (360 степени)