Фунтата дополнително ослабе во однос на доларот поради Брегзит – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/19 3:29 PM

Фунтата дополнително ослабе во однос на доларот поради Брегзит

Британската фунта се спушти на најниско ниво денес во последните две и пол години откако британскиот премиер Борис Џонсон се закани дека ќе распише предвремени избори за да се реализира Брегзит.

Предупредувањето на Џонсон дека ќе ги распише изборите на 14 октомври ако бунтовничките пратеници од неговата конзервативна партија гласаат за ново одложување на Брегзит, ја засили можноста за продолжена неизвесност во Британија, каде економијата веќе чувствува негативни последици.

Фунтата вчера ослабе за еден процент во однос на доларот, а денес падна под 1,2 долари прв пат од јануари 2017 година, објави AFP.

Вредноста на фунтата во однос на еврото е во голема мера стагнира, додека инвеститорите чекаат нови случувања во парламентот на Велика Британија во врска со Брегзит.

Аналитичарите на пазарот сметаат дека фунтата нема да се зајакне сè додека владее политичката неизвесност во земјата.

Извор: denar.mk