Могерини: Ќе зажалиме доколку Балканот наскоро не влезе во ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/19 3:38 PM

Могерини: Ќе зажалиме доколку Балканот наскоро не влезе во ЕУ

Шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини ја повика Европската Унија да го задржи силното присуство на Западен Балкан. Таа е убедена дека доколку Унијата тоа не го стори сега, ќе зажали за неколку години.

„Целта е остварување на јасниот интерес, воведување на целиот Балкан во ЕУ“, изјави Могерини додавајќи дека за тоа ќе бидат потребни храброст, лидерство и упорност.

„Имаме јасен интерес да го воведеме целиот Балкан во ЕУ. Сите знаеме дека е тоа долг, комплициран, секогаш интересен и разигран процес што ќе бара доста време, решавање на проблеми и многу политичка преданост од сите страни и одлучност“, рече Могерини.

Таа додаде дека влезот на Западен Балкан во ЕУ е прашање на повторното обединување на целиот европски континент и дека тоа му е потребно како на Балканот, така и на ЕУ.

Шефицата на ЕУ дипломатијата го наведе примерот со името на Северна Македонија, истакнувајќи дека тоа се постигна со залагањето на Атина и Скопје, со постојана поддршка и охрабрување од ЕУ.