Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо одби да на својот дрес да го носи беџот за најдобар играч во италијанскиот шампионат.
Според „Фокс спортс“, Португалецот го одбил знакот со кој Серија А го означува најдобриот фудбалер за минатата сезона. Според изворot, Роналдо, кој беше признат како МВП на минатото првенство, не сака да се разликува меѓу играчите на Јувентус на овој начин.
Соодветните значки ги носат најдобрите играчи во другите категории:
најдобар голман – Самир Хандановиќ
најдобар дефанзивец – Калиду Кулибали
најдобар играч од средниот ред – Сергеј Милинковиќ-Савиќ
најдобар напаѓач – Фабио Кваљарела
најдобар млад играч – Николо Заноло.
Извор: denar.mk